Еуроњуз: Нема одлука дали граѓаните на С. Македонија од 1 јули ќе можат да патуваат во ЕУ

од Aleksandar Petrovski
360 прегледи

Официјалните лица во Брисел донесоа одлука за тоа на кои земји ќе им биде дозволено да влезат во ЕУ од први јули, а за С. Македонија се уште нема одлука.

Постојат два листи, едната за оние кои ќе бидат на позитивниот список и другата за оние кои не се на неа, а на 1 јули е предвидено да се отворат меѓународните граници на блокадата, пишува „Еуроњуз“.

Сепак, изворите на „Еуроњуз“ се сомневаат дека границите ќе бидат отворени на 1 јули.

Списокот веќе предизвика контроверзии, откако извори откриваат дека САД – најтешко погодената земја од коронавирусот, со повеќе од 2,4 милиони случаи, се наоѓаат на списокот на забранети земји.

Во четвртокот, европските официјални претставници не успеаја да одлучат на кои земји ќе им биде забранет влез откако ќе се отворат надворешните граници на блокот, а дипломат на ЕУ му рече на „Еуроњуз“ дека официјалните лица „не можат да постигнат договор“ и дека разговорите ќе продолжат во петок, па одлуката е донесена денес.
Еуроњуз доби комплетен нацрт-список на земји за кои ќе се отворат европските граници од дипломатски извори на ЕУ, што го потврдува извештајот објавен во средата, дека Бразил, Катар, САД и Русија навистина не се на списокот на одобрени.

Извори, исто така, го доведоа во прашање датумот за повторно отворање на границата на 1 јули, посочувајќи дека договорите нема да бидат навреме.

Дипломатски извори, исто така, посочија дека постои несогласување помеѓу нациите во однос на критериумите за користење на оваа одлука, при што некои тврдат дека податоците за стапките на КОВИД не се веродостојни. Тие бараат од ECDC, агенцијата на ЕУ за превенција на болести, да предложи повеќе детали, велат извори, додавајќи дека списоците ќе бидат ревидирани на секои две недели.

Кога упатствата на ЕУ беа објавени пред две недели, официјалните лица изјавија дека списокот ќе ја земе предвид стапката на инфекција во овие земји. Критериумите се засноваат на епидемиолошки податоци, а 47 земји се на позитивниот список, додека 54 земји се на забранетиот список.

Европската комисија смета дека граѓаните на Велика Британија мора да продолжат да бидат третирани на ист начин како и граѓаните на ЕУ до крајот на преодниот рок на Брексит (кој е 31.12.2020 година).

Комплетниот список на земји на кои граѓаните ќе им биде дозволено да влезат во Европа според нацрт-списокот е како што следува:

Ватикан

Монако

Црна Гора

Андора

Србија

Босна и Херцеговина

Украина

Албанија

Турција

Косово

Демократска Народна Република Кореја

Туркменистан

Виетнам

Кина

Тајланд

Мијанмар

Монголија

Јапонија

Јужна Кореа

Грузија

Бутан

Либан

Индонезија

Узбекистан

Индија

Таџикистан

Казахстан

Палау

Нов Зеланд

Австралија

Доминиканска Република

Бахами

Света Луција

Уругвај

Јамајка

Куба

Гвајана

Парагвај

Венецуела

Никарагва

Костарика

Канада

Ангола

Тунис

Намибија

Уганда

Мозамбик

Маурициус

Замбија

Руанда

Етиопија

Мароко

Алжир

Египет

Извор: Еуроњуз