Ева Грин: Улогата на Џејмс Бонд секогаш треба да ја игра маж

од desk2
154 прегледи

Ева Грин која ја играше Веспер Линд во филмот за агентот Џејмс Бонд, “Casino Royale”, јасно го изразила својот став против идејата жена да ја игра улогата на Бонд, пренесува “Telegraph”.

На премиерата на авантуристичкиот филм “Dumbo” во понеделникот, француската актерка разговарала со новинарите за можноста некои од актерките во блиска иднина да се најдат во улога на агентот 007.

“Јас сум за жени, но навистина мислам дека Џејмс Бонд треба да остане маж. Нема смисла тоа да биде жена. Жените можат да играат различни видови на ликови, да глумат во акциони филмови и да бидат суперхерои, но Џејмс Бонд секогаш би требало да биде маж. Постои традиција со оваа улога која треба да продолжи”, изјавила Грин за “Vanity Fair”.


Имено, се очекува следното појавување на Даниел Крејг како агент да биде воедно и негово последно. Филмот чие излегување постојано се пролонгира, моментално е предвиден за премиера кон почетокот на 2020 година. Неодамна се зборуваше дека најпознатиот таен агент на светот би можело да го глумат и Емилија Кларк, Џилијан Андерсон, Пријанка Чопра и Елизабет Бенкс, но по сѐ изгледа дека ваквите гласини нема да се остварат.