Ева Лонгорија го прослави својот 44. роденден на најдобар начин – со своето семејство, пишува Daily Mail. И најголемиот подарок за неа е бакнежот од нејзиниот 8-месечен син, Сантијаго.
Актерката ја сподели фотографијата на среќниот момент со нејзиниот син во Инстаграм, под која напишала: “Добив многу бакнежи од моето бебе Санти”.
Ева го роди Сантијаго на 19 јуни минатата година. Ова е првото дете за актерката која е во брак со 50-годишниот телевизиски продуцент Хозе Бастон. Во моментов, холивудската ѕвезда, која исто така делува како продуцент, подготвува неколку проекти кои ќе бидат пред и зад камерата.