Евакуации поради голем шумски пожар во северна Калифорнија

од desk4
95 прегледи

  Серијата шумски пожари во северна Калифорнија продолжува. Наредена е евакуација на жители од околината на градот Рединг, каде голем пожар се разгорил околу автопатот број 5, и од вчера до денеска се зголемил тројно.

Се работи за ретко населена, рурална област, поради што спасувачките екипи не се сигурни колку точно жители мораат да евакуираат. Најмалку 17 камиони биле напуштени на автопатот, а четири од нив изгореле.

Во текот на август околу Рединг гореше голем шумски пожар во кој загинаа осум лица. Сувото време, силните ветрови и видот на шуми придонесуваат кон пожарите.