ЕВАКУИРАНА АЈФЕЛОВАТА КУЛА: Париската полиција на нозе заради дојава на бомба (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
304 прегледи

Ајфеловата кула во Париз беше евакуирана поради дојава за бомба. Полицијата ја опколи областа околу познатата кула, а полициските екипи за отстранување бомби ја пребаруваат областа.

Алармот се вклучи откако полицијата доби телефонска анонимна дојава за поставениот експлозив.

Сите околни патишта беа затворени, а на минувачите им беше кажано да ја заобиколат областа.