Евакуирана Белата куќа: Пронајдена супстанција која покажала присуство на кокаин

од Stefanija Kuzmanovska
494 прегледи

Американската тајна служба истражува сомнителна супстанца која беше пронајдена во Белата куќа, по што беше наредена евакуација на резиденцијата на американскиот претседател. Ова го објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на портпаролот на службата Ентони Гуглиелми и свои извори.

„Вашингтон пост“ пишува дека сомнителната материја била откриена во неделата вечерта.

Припадниците на групата за опасни материи кои пристигнале на местото на настанот го пријавиле наодот.

Според извор на американски медиуми, супстанцијата покажала присуство на кокаин за време на тестот, но содржината на дрогата била мала.

Портпаролот на тајната служба Гуглиелми изјавил за весникот дека експертите спроведуваат дополнителни истраги за супстанцијата и како таа навлегла во Белата куќа.

Според него, по откривањето на сомнителната супстанца, службениците кои биле во Белата куќа биле накратко евакуирани.

„Истрагата за причината и начинот на внесување на супстанцијата во Белата куќа е во тек“, рече Гуглиелми.

Сепак, тој одби да каже каде е пронајдена супстанцијата и како била спакувана.

Тајната служба ја открила прашкастата материја додека биле на обиколка на зградата, додаде тој.

Слични содржини