По цела ноќ преговори рано изутринава шефовите на држави и влади на 10. земјите-членки на Европската унија плус Македонија и Србија се согласија на 16 точки -заклучоци за итно справување всо бегалската криза. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, три параграфи од 13-тата точка на овој план, а поврзани со менаџирање на границите, се директно поврзани со Македонија. Еве што е договорено ноќеска во Брисел:

мигранти

 

Постојана размена на информации и ефективна соработка

1. Ние ќе определиме личности за контакт кои директно ќе не известуваат за да ја олеснат размената на информации и координацијата и истите треба да бидат номинирани за 24 часа со цел да се овозможи итен почеток на дневна размена и координација за да се постигне постепено и контролирано движење на лица долж западно-балканската рута.

2. Ние ќе соработуваме со Европската комисија, користејќи ги сите расположиви алатки на европско и меѓународно ниво, врз основа на заеднички потреби за оценка кои би се покренале за 24 часа. Непосредните ефекти мора да се фокусираат за обезбедување на привремено засолниште и поддршка за сите што пристигнуваат, како и организирање на брзо и ефективно враќање на мигрантите што немаат потреба од меѓународна заштита.

Лимитирање на второстепени движења

3. Под сегашните околности, ние ќе го обесхрабруваме движењето на бегалците и мигрантите до границата на друга земја од регионот. Политиката на пренос на бегалците без информирање на соседната земја не е прифатлива.Ова се однесува на сите земји долж рутата.

Поддршка на бегалците и обезбедување на засолниште

4. Ние се обрзуваме за зголемување на капацитетот на своите држави во обезбедувањето на привремено засолниште, храна, здравствени услуги, вода и санитетски услуги на сите што имаат потреба. Ако тоа не успее, се обврзуваме дека ќе и ги соопштиме нашите потреби на Европската комисија и каде што е соодветно да го покренеме Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Задоволително привремено сместување потоа би требало да се обезбеди на западно-балканската рута. Се обврзуваме на итна размена на информации за нашиот капацитет за а обезбедиме засолниште и да обезбедиме оптимална и координирана употреба ако биде побарано.

5. Ја поздравуваме интенцијата на Грција да го зголеми капацитетот за прием на 350 илјади места до крајот на годината и се обврзуваме да го поддржиме УНХЦР и Грција да обезбедат закупни субвенции и програми за вдомување на семејства за најмалку 20 илјади лица. Финансиската поддршка за Грција и УНХЦР се очекува и овае важен предуслов за да се направи итниот систем за релокација да проработи.

6. Ние ќе работиме заедно со УНХЦР, која пак се обврзува на подобрување на нашите капацитети. Дополнителен капацитет од 50.000 ќе обезбеди за подобро и попредвидливо менаџирање на протокот. Ние бараме од УНХЦР посилна и итна поддршка во случајот со капацитетите за прием и во обезбедување на хуманитарна поддршка. Ќе работиме со ЕАСО на размената на информации во овој поглед.

7. Ние ќе се вклучиме во непосредни оперативни контакти со Меѓународните финансиски институции како Европската инвестициска банка (ЕИБ), Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и со Развојната банка на Советот на Европа кои се подготвени финансиски да ги поддржат овие напори да обезбедат засолниште за земјите што би сакале да ги искористат овие ресурси. Ние се обврзуваме за аранжман со овие Меѓународни финансиски институции и да делуваме на координиран начин. Ја поздравуваме подготвеноста на Европската комисија да организира координациски состанок со овие Меѓународни финансиски институции за една недела.

Заедничко менаџирање на миграцискиот проток

8. Ќе обезбедиме целосен капацитет за регистрација на пристигнатите со максимално користење на биометриски податоци, пред се земање на отпечатоци од прсти, што е витално, посебно на местото на прв влез во ЕУ. Регистрацијата не ја заменува обврската на една земја-членка од задолжителна регистрација во согласност со заеднички правила на Европскиот систем за азил.

9. Ние итно ќе размениме информации преку контакт-точките за големината и движењето на протокот преку нашите земји, посебно за бројот на бегалци и мигранти што припаѓаат на ранливите групи и барањата на сите пристигнат бегалци и мигранти на нашата територија.

10. Ние ќе работиме заедно со ЕУ-агенциите, посебно со Фронтекст и ЕАСО за брзо воспоставување на ваквата размена на информации, а овие ЕУ-агенции ќе обезбедат техничка помош во овој потфат и да советуваат за информациите што ќе се разменуваат за фрекфенцијата на размената.

11. Ние се обврзуваме да ги засилиме своите национални и координирани напори за враќање на мигрантите што немаат потреба од меѓународна заштита со целосно почитување на нивното достоинство и човекови права. Ова посебно е витално за точката на прв влез во ЕУ. Техничката помош ќе биде обезбедена од Фронтекс и ЕАСО.

12. Ние ќе работиме со Еврокомисијата и со Фронтекс да интензивираме практична соработка за реадмисија со третите земји. Соработката ќе биде интензивирана со Авганистан, Бангладеш и Пакистан, посебно во областа за враќањето. Ние повикуваме за целосна имплементација на постоечките договори за реадмисија. Ја повикуваме Европската комисија да започне да работи на договор за реадмисија со земјите со кои не постојат вакви договори.

Менаџирање на границите

13. Ние се обврзуваме најитно да ги зголемиме напорите во менаџирањето и враќањето на сопствените граници и да ја зголемиме координацијата на своите акции поврзани со менаџирањето на границите. Тоа ќе вклучува наша силна поддршка на следните меркиза да се договорат во релевантните институции и во согласност со релевантните процедури:

– Да работиме одблиску со Турција за финализирање на Акцискиот план на ЕУ со Турција;

– Овозможување на целосна употреба на потенцијалниот договор за реадмисија на ЕУ со Турција и на патоказот за визна либерализација;

– Надградување на заедничката поморска операција Посејдонво Грција, посебно присуство на Фронтекс во Егејското море и значително засилување на поддршката на Фронтекс на Грција во регистрирањето на бегалците и активностите околу земањето на отпечатоци;

– Засилување на поддршката од Фронтекс на границата меѓу Грција и Бугарија;

– Итна имплементација на билатералните мерки за градење доверба, посебно во засилувањето на граничната соработка меѓу Грција и БЈР Македонија;

– Грција, БЈР Македонија и Албанија ќе ја засилат контролата на надворешната земјена граница. Фронтекс ќе треба да и помогне на Грција во регистрацијата на бегалците и мигрантите кои се уште не биле регистрирани во земјата;

– Засилена посветеност на УНХЦР на границата меѓу Грција и БЈР Македонија;

– Соработка со Фронтекс во набљудувањето на преминот на границата и поддршка во регистрацијатана хрватско-српските гранични премини.

– Засилување на Мрежата за анализа на ризици на Фронтекс на Западнито Балкан со интензивирано известување од сите учесници;
– Имплементирање во Словенија за една недела на 400 полицајци и есенцијална опрема преку активирање на билатерална соработка;

– Каде што е соодветно, земјите ќе го стават во употреба на Механизмот за брз тим за интервенција (РАБИТ) што ќе треба прописно да се опреми:

14. Го повторуваме принципот дека една земја ќе може меѓу останатото да одбие влез на лица од трети земји кои кога ќе се претставуваат на граничните премини, а кои нема да изразат волја да аплицираат за меѓународна заштита во согласност со меѓународните закони и законите на ЕУ, со претходно невраќање и пропорционална проверка.

Справување со шверцувањето и трговијата со луѓе

15. Се обврзуваме да ги засилиме полициско-правната соработка и да превземеме акции против шверцувањето на мигранти и трговијата со луѓе. Ги повикуваме Европол, Фронтекс и Интерпол да ја поддржат западно-балканската рута со поширока операција за борба против шверцувањето на луѓе.

Информации за правата и обврските на бегалците и мигрантите

16. Со цел да се обесхрабрат опасните патувања и шверцерите, ние се обврзуваме да ги направиме корисни достапните комуникациски алатки за информирање на бегалци и мигрантите за постоечките правила како и за нивните права и обврски, особено во однос на последиците од одбивањето да бдиат регистрирани, да им се земат отпечатоци од прсти и од одбивањето да побараат заштита таму каде што се. Го повикуваме УНХЦР да ги поддржи националните власти во овој поглед.

Мониторирање

17. Ја повикуваме Европската комисија да ја мониторира имплементацијата на овие обврски на неделна база, во соработка со националните контакт-точки

Извор МИА

Слични содржини