Еве како да го заштитите своето ментално здравје во време на пандемијата од коронавирусот

555 прегледи

Коронавирусот го смени светот откако стана пандемија и тоа како влијаеше на начинот на размислување врз светската популација.

Со оглед на сериозноста на ситуацијата, менталното здравје на поединци може да биде загрозено.

Затоа CNN објави неколку корисни совети за тоа како да се одржи менталната рамнотежа во вакви денови кога светот околу нас постојано се менува.

Лимитирајте ги изворите на информација

Преку интернетот патуваат многу лажни информации околу пандемијата во земјава и светот, па затоа е добро да се најдат неколку веродостојни извори.

Министерството за здравство редовно известува за состојбата во земјата, преку пресконференциите на министерот Филипче, додека СЗО редовно известува за ситуацијата во светот.

Наведете ги своите стравови

Понекогаш е корисно да седнете и да размислите која ви е моменталната закана. На пример, многумина ги загрижува финансиската ситуација поради коронавирусот, особено оние кои не можат да работат од дома. Дали имате заштедено или имате некои други извори?

„Планирањето на борба со стравовите ќе го намали чувството на страв“, напоменува CNN.

Мислете и на другите

Зголеменото размислување за сопствената животна ситуација може да создаде анксиозност и треба да разберете дека постојат и такви кои се изложени на многу поголема опасност, како доктори и медицинскиот пероснал.

Побарајте помош, но мудро

Корисно е да разговарате со некого за тоа што се случува во светот, планирајте иднина во вакво време на криза, но на мирен начин и без ширење паника. Опцијата за професионална помош е исто така корисна.

Обрнете внимание за сопствените потреби

Доволно сон, правилна исхрана и физичка активност ќе го заштити вашето ментално здравје.

Не грижете се за тоа што се грижите

Стравот и грижата во вакви моменти на криза се нормални и немојте да си замерите доколку така се чувствувате. Клучот е во разбирање на своите емоции и истите да ги ставите во правилен контекст, за да не ве спречат да живеете здраво.

Министерството за здравство објави и броеви на кои можете да се јавите и да побарате помош, во случај да не се чувстувате добро, имате анксиозни или панични напади.

Слични содржини