Gmail одамна има функција која ни овозможува да видиме, ако на профилот ни е влезено од друго место. Благодарение на тоа можеме да откриеме сомнителна активност на профилот и да ги преземеме потребните активности да ги заштитиме податоците. Ако сакате да се заштити вашето присуство на социјалните медиуми, има слични методи со кои може да сте сигурни дека никој освен вас не се логирал на вашите Facebook или Twitter акаунти. Благодарение на Make Use Of можеме да разбереме кои се тие:

Одете во Settings> Your Twitter Data. Ќе треба да ја внесете лозинка пред да можете да добиете пристап до оваа информација. Потоа ќе видите листа со сите уреди од кои се влегува во вашиот Twitter профил, како и сите апликации на трети страни, на кои е предвиден пристап до вашиот профил. За да го откажете пристапот на некои од апликациите наведени тука, одете во Settings> Apps и ќе можете да го откажете пристапот до услугата или апликацијата што ви се чини сомнителна.
Одете во Settings> Security> Where You’re Logged In. Кликнете на “Edit”, за да ги видите сите активни сесии на Facebook. За да излезете од сите активни сесии, кликнете на “End all activity” или на линкот “End activity” до сесијата, која сакате да ја затворите.
Facebook може да ви испрати известување кога некој влегува во профилот од несоодветен уред или прелистувач. За целта на истата страница, одете на “Login Alerts” и изберете дали сакате да добиете Facebook известувања или пораки, ако тоа се случи.