Кога Американците гласаат за претседател, тие не го избираат директно. Наместо тоа, тие го посочуваат изборот на т.н. електори- мала група претставници од секоја држава, кои ги праќаат во Изборната комисија. Всушност тоа се луѓето кои го носат официјалното решение кој да влезе во Белата куќа.

Вкупниот број на гласовите во Изборната комисија е 538, а за да победи, кандидатот треба да добие барем 270 од нив. Бројот на електори од секоја држава е еднаков на бројот членови во Претставничкиот дом кои државата ги има плус уште две лица – колку што се сенаторите од секоја држава.
Создавањето на овој систем е поставена уште во Уставот на САД во 1787 година, а Џорџ Вашингтон бил избран со 100% од гласовите и основачите на нацијата не сакале тоа да се повтори. на нив сепак сепак не им се допаднала идејата Конгресот да го избира претседателот, бидејќи тоа би можело да доведе до политички пазарења, корупција и влијание од надворешни сили.
Идејата да се овозможи на државните законодавни органи да го избираат претседателот, исто така била отфрлена поради стравувањата дека идниот претседател ќе им биде должен. А народното гласање било исклучен, бидејќи било малку веројатно гласачите да имаат доволно информации за кандидатите надвор од нивната држава.
И така дошла идејата за рамнотежа меѓу федерализмот и директна демократија. Самата дефиниција “Изборната комисија” не присуствува во Уставот и се појавува во законодавството дури во средината на 19 век. Функцијата може да биде споредувана со Кардиналскиот колегиум, кој го избира папата. Нејзините членови се сметаат за најинформирани луѓе од секоја држава.
Покрај тоа што е поврзан со независноста на претседателот, системот претставува еден вид компромис кон помалите Држави.
Процесот на избирање на електорите е различен во одделни држави, но обично политичките партии номинираат кандидати кои се избираат на партиските конгреси.
Во декември електорите се собираат во престолнината на својот држава, за да гласаат кој да биде претседател. Потоа во јануари Конгресот ги пребројува нивните гласови.
Ако ниеден од кандидатите не освои мнозинство, Претставничкиот дом на Конгресот го избира следниот претседател, а Сенатот го одредува потпретседателот.
Во почетокот имало апсурдни ситуации претседателот да е од една партија, а потпретседателот – од противниќката. Во денешно време не недостасуваат и случаи во кои системот не одразува гласови на избирачите. Во 2000 година, демократот Ал Гор освои повеќе гласови во т.н.. народен гласање од републиканецот Џорџ Буш, но Буш победи во Изборната комисија – 271 против 266, и станува претседател.
Во некои држави постојат закони кои ги обврзуваат електорите да гласаат за кандидатот кој победил на народното гласање, но има случаи во кои тие гласаат против одлуката на луѓето и не постои никаква федерална или уставна мерка против тоа.