Еве какво ќе биде времето утре

од Radmila Tasevska

Наутро многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.

Во Скопје наутро многу студено, преку денот претежно сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 5 степени.

И во сабота ќе се задржи претежно сончево време со ниски утрински температури. Во недела ќе има зголемување на облачноста и услови за провејување на слаб снег на планините и на повисоките места. Од понеделник времето ќе биде стабилно со пораст на утринските и дневните температури.

Слични содржини