Еве кој ги запре воените вежби на Србија и со што им се заканиле

од Stefanija Kuzmanovska
210 прегледи

Прашањето за учеството на српската армија во вежбите со Белорусија го покрена пратеникот на Европскиот парламент, Владимир Билчик, а Германија веднаш застана на негова страна.

Тоа го пишуваат денешните „Вечерње новости“, додавајќи дека на Србија ѝ се закануваат со санкции и блокада на европскиот пат.

Да потсетиме, Владата на Србија вчера донесе одлука да ги прекине сите воени вежби и сите воени активности со сите партнери во следните шест месеци, а министерот за одбрана Александар Вулин објави дека Србија е под ужасен и незаслужен притисок од Европската унија поради планираните воени вежби со Белорусија и Русија.