Според истражувањето објавено од Британското психолошко друштво, луѓето со повисок коефициент на интелигенција се чувствуваат посреќни кога се сами отколку во друштво, пишува весникот “Метро”.

Истражувањето опфатило 15 илјади граѓани на возраст од 18 до 28 години. Од него произлегло дека најпаметните Британци доживуваат помалку задоволство од животот, кога влегуваат во чести социјални контакти со семејството и пријателите. Тие претпочитаат да гледаат филмови во осаменост, да читаат книги или да се фокусираат на својата кариера. Тоа им обезбедува значително поголемо задоволство отколку најгласните друштва и ноќни посети на пабови.
Некои од најголемите гении на човештвото биле познати по тоа што живееле како самци. Алберт Ајнштајн сакаше да вели: “Монотонијата и осаменоста на пустиот живот ја стимулираат креативноста на умот”.
Стивен Спилберг, кој се смета за еден од најпознатите богатите режисери во Холивуд, исто така е познат по затворениот начин на живот. Тој претпочита да гледа филмови во приватно кино, наместо да се јавува пред центарот на вниманието.
Основачот на Фејсбук Марк Цукерберг беше опишан во “Њујорк тајмс” од Шерил Сенберг како “срамежлив и интровертен”. Таблоидот заклучува дека на паметните им оди да бидат волци-самотници.