933
Студените денови во никој случај не одат во прилог на нашите раце, затоа сега е поважно од кога било правилно да ги негуваме и миеме.
Во зима кожата на рацете е почувствителна од вообичаеното, особено во областа на кутикулите.
Сега експертите советуваат да ги миете рацете со ладна вода.
– Не мијте ги рацете со топла вода, тој го отстранува липидниот слој, односно слојот маснотија што и дава мекост на кожата. А студената вода добро ќе ги измие и рацете ќе ви бидат чисти – вели д-р Мајкл Џошуа Хендрикс од Вашингтон за „Јаху“ .
Доколку често користите антибактериски гел, лекарот предлага еден со екстракти како алое вера, есенцијални масла, камилица или некои други билни состојки кои ќе ја негуваат кожата.