Многу луѓе имаат навика во одводот од кујнското лавабо да фрлаат талог од турско кафе, искористено масло, ронки од леб и многу други нешта на кои местото не им е таму.
Можеби во прв момент тоа ви се чини како нормално, но всушност ваквата навика може да предизвика трајно оштетување на одводниот систем и да ви направи големи парични сметки за водоинсталатер.
Маслото измешано со детергентите кои ги користите за миење садови и остатоците од храна, може да се создадат т.н. чепови кои ги затнуваат одводните цевки, но и да се создава ужасно непријатен мирис. Ова се случува дури и кога ги миете масните дамки со детертгент, бидејќи секогаш може да се случи масните капки да се стврднат и да се залепат една за друга.
Маслото кое веќе сте го искористиле можете да го фрлите на многу начини, а водоводниот систем не е еден од нив. Многу домаќинства практикуваат да го собираат во пластични садови, а постојат и компании кои го собираат искористеното масло за рециклирање и други производствени цели.
Доколку таква услуга не ви е достапна, собирајте во пластично шише, кое потоа ќе го фрлите во ѓубре.