Евра и официјално се врати во Премиер Лигата (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Патрис Евра и официјално е играч на Вест Хем. Договорот на 36-годишниот лев бек е до крајот на јуни, а тој се враќа во Премиер лигата, откако во периодот 2006-2014 година ги бранеше боите на Манчестер Јунајтед. Во последната сезона на „Олд Трафорд“, Евра работеше заедно со актуелниот менаџер на „чеканите“ – Дејвид Мојс.

Поранешниот капитен на Франција беше отпуштен од последниот клуб Олимпик Марсеј, откако удри фан пред дуелот од Лига Европа против Виторија (Гимараеш) на 2. ноември. Поради оваа своја постапка тој беше казнет од УЕФА да не игра во европските клубски турнири до крајот на сезоната. Оваа санкција сепак не му пречеше да учествува во натпревари од Премиер лигата.

Интерес кон Евра манифестираше и Евертон, но дефанзивецот ја избра понудата на Вест Хем. Тој ќе игра со бр. 27 за тимот од Лондон.

„Многу сум среќен дека станав дел од „чеканите“ и дека се вратив во Премиер лигата. Ја сакам оваа игра. Неверојатно е да бидам повторно дел од Премиер лигата. Благодарам на Вест Хем дека ми ја даде оваа можност“, изјави Евра.

Слични содржини