Претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум ги добил новите предлози на Грција за програмата за реформи во замена за кредити од ESM (Европскиот механизам за стабилност). Ова го соопшти портпаролот на Еврогрупата Мишел Рејнс.

“Новите грчки предлози беа добиени од претседателот на Еврогрупата. Важно е дека институциите (доверителите) ќе ги земат предвид во оценката “, напиша тој на Твитер. Грција во моментов води сложени и долги преговори со меѓународните кредитори. Земјите од еврозоната инсистираат од Грција до петок наутро да претстави нов план за реформи во замена за надворешно финансирање а крајниот рок за постигнување на договорот е крајот на неделата. Во меѓувреме, во Грција поради недостиг на финансирање од Европската централна банка веќе недела и пол банките остануваат затворени . До колку не се смени ништо денот Д е 20 јули кога земјата влегува во банкрот.