Идејата, која се содржи во писмо до претседателот на еврогрупата Јерун Дијсел-Блум, со планирани реформи предизвика потсмев во заднината  меѓу преговарачите од страна на ЕУ, објави “Гардијан”. “Ќе беше смешно ако не беше толку трагично влада на развиена држава да излегува со таков предлог”, велат од тимот на Дијселблум. Писмото на Варуфакис ќе се дискутира на состанокот на министрите за финансии од еврозоната во понеделникот и Атина се надева на одобрение за да добие барем дел од преостанатите по договорот  заем од 7,2 милијарди  евра помош.

Варуфакис пишува до Дијселблум дека несобраните даноци во Грција изнесуваат 76 милијарди евра, од кои сепак според него реално може да се очекува да ддоспеат  едвај 8 милијарди. Даночните службеници биле премалку и деморализирани поради политиката на стегање на ременот. Затоа требало даночни шпиони аматери да бидат вработувани на час работа со краткорочни договори. А ЕУ мора да плати за обука и опрема  – скриени камери и микрофони., и доволно ќе било грчкото општество да знае за нивното постоење и требало да престане да лаже со даноците и ДДВ.

Германија предлагаше пред неколку години да испрати 500 свои даночни инспектори во Грција, но тогаш Атина ја отфрли идејата. Според официјалните податоци нај бројните странски туристи во Грција се Германците – 2,5 милиони. Многу  Македонци и  Срби и Бугари исто ја избираат  Грција за одмор , така што ем одмор ем малку шпионажа за пари не ќе е лошо велат познабачите на сотојбите, особено што балканците за кодошење се измислени итоа им е главна професија.

Слични содржини