Еврокомесар: Не гледам причина Бугарија да го смени ставот за Северна Македонија

од Vladimir Zorba

Во овој момент, не гледам причина Бугарија да го смени ставот за Северна Македонија. Ова го рече еврокомесарот за иновации, истражување, култура, образование и млади Марија Габриел во интервју за програмата „Разбуди се“ на Нова ТВ по повод позицијата на Бугарија за Северна Македонија.

„Ние мора да разјасниме дека Бугарија отсекогаш ја поддржувала интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Да не заборавиме дека темата за Западен Балкан беше покрената за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ и таа останува трајно на агендата“, рече Габриел.

„Со нив имаме нерешени соседски односи. Нема друга земја што има претензии кон историја и говор на омраза. Во овој момент не гледам причина Бугарија да ја смени својата позиција “, додаде Габриел.

Слични содржини