Еврокомесарката Иванова: С. Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ кога ќе го измени Уставот

од Nikola Popovski
307 прегледи

Во однос на македонското-бугарските односи и прифаќањето на нашата земја во ЕУ, новата бугарска еврокомесарка Илијана Иванова е категорична дека не се можни исклучоци на патот кон полноправно членство. Таа на првиот ден од стапувањето на функцијата во Европската комисија, изјавила дека „Скопје ќе ги започне преговорите за членство кога ќе ги исполни критериумите за членство и ќе го измени својот устав“.

„Проширувањето е другиот важен приоритет што беше споменат минатата недела. Критериумите се многу важни и важат за сите со еднаква сила. Сите земји кои се на пристапниот пат преземаат конкретни обврски. Во случајот со Северна Македонија, имаме обврски за промени во уставот, имаме два протоколи на Договорот за добрососедство и пријателство кои мора да се исполнат. Правилата се јасни. Нема и не може да има исклучоци од страна на Комисијата. Нема како Комисијата да ја заврши работата на земјите-кандидати“, изјавила Иванова во интервју за „БНТ“.

Европскиот совет пред три дена официјално ја именуваше Иванова за нов еврокомесар за иновации, истражување, култура, образование и млади, по заеднички договор со претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен.

Иванова доаѓа на местото на Марија Габриел, која во мај се повлече од должноста еврокомесар за да ја преземе функцијата бугарски вицепремиер и министер за надворешни работи.

Слични содржини