Европската комисија не е задоволна од новите предлози за реформи, кои грчките власти ги претставија вчера, соопшти Франс прес. Пакетот мерки е потребен на Грција, за да биде деблокирана виталната финансиска помош за земјата.

Европскиот комесар за економски прашања, Пјер Московичи ги информирал грчките претставници дека најновите предлози на Атина, не ги одразуваат дискусиите меѓу претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и грчкиот премиер Алексис Ципрас минатата недела во Брисел.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас предупреди вчера дека банкрот на неговата земја на крајот на месецот ќе значи почеток на крајот на еврозоната.