„Еврообзервер“: ЕП со “јок” за Турција – нема да ја разгледува визната либерализација

од desk3
100 прегледи

 

Европскиот Парламент го прекина разгледувањето на прашањето за доделување безвизен режим за Турција, денеска информира белгиското електронско издание „Еврообзервер“, повикувајќи се на холандската европратеничка Јудит Сипел, пренесе ТАСС.

12102015190020_turkey-eu1scscs-16322-25500

– Претседателот на Европскиот Парламент Мартин Шулц посочи дека ќе почнеме со работа на ова прашање тогаш кога Турција ќе ги исполни сите 72 барања (за укинување на визниот режим), изјави европратеничката.

Во Стразбур неделава се одржува пленарна сесија на Европскиот Парламент, на чиј дневен ред треба да биде вклучено и разгледувањето на предлогот на Европската комисија за укинување на визниот режим со Турција, доколку Анкара до крајот на јуни ги исполни сите неопходни услови, забележува ТАСС/МИА