Европа очајнички бара работници: Во кои земји од ЕУ е најлесно да се добие работна виза?

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Преселувањето во друга земја, наоѓањето работа и започнувањето нов живот во странство секако не е лесен потфат, дури и кога станува збор за преселба во блиските европски земји.

Одредени земји од Европската унија, како Лихтенштајн и Ватикан, имаат некои од најстрогите прописи за имиграција во светот.

Но, бидејќи земјите низ Европа сега се соочуваат со сериозен недостиг на работна сила, што предизвика големи нарушувања во последниве месеци, многу влади се обидуваат да им го олеснат вработувањето на странските работници во ЕУ.

Ви претставуваме листа на земји каде што е најлесно да се добие работна виза.

Германија

Германија неодамна лансираше нова „карта за можности“ за привлекување квалификувани работници од странство.

„Chancenkarte“, како што ги нарекуваат во Германија, ќе користат систем за бодови за да им олеснат на квалификуваните работници со вештини што ѝ недостигаат на Германија да дојдат во земјата, дури и пред да најдат работа.

Кандидатите мора да бидат на возраст под 35 години, да имаат доволно јазични вештини за да живеат во земјата и да имаат најмалку три години професионално искуство во своето CV.

Тие исто така треба да докажат дека можат да си дозволат да ги платат животните трошоци за времето што би го поминале во Германија пред да најдат работа.

Австрија

Реформата на таканареченитe „црвено-белo-црвени карти“ го олеснува пристапот на странската работна сила до австрискиот пазар на труд. Реформата зема во предвид многу барања на претприемачите, но и на работната сила, меѓу другото, забрзување на процесот на решавање на барањата за добивање на таа карта.

Сега патот до неа е полесен за луѓето кои во текот на работниот век ја смениле својата професија, или се занимавале со нешто друго од она за што се школувале. Посебен фокус е на професионалната работна сила за привремени проекти на пазарот на трудот.

Особено во туризмот, грижата и здравството има недостиг на работна сила, па реформата овозможува помала бирократија на патот до добивање дозволи. Исто така, во иднина ќе може да се носат странски работници на проекти до шест месеци, за кои им е потребна само виза и работна дозвола без сеопфатна процедура. По оваа вест особена корист ќе има работната сила од ИТ секторот. Последователно, тие можат да побараат „црвено-бело-црвен картон“, кој им обезбедува подолг престој и право на работа.

Сега компаниите можат да бараат „црвено-белo-црвени карти“ за работната сила што ја носат од странство без поголеми бирократски процеси. Можност да добијат „црвено-белo-црвени карти“ имаат сезонските работници кои веќе три години работат во Австрија.

Данска

И Данска има огромна потреба од работници во сите гранки на индустријата и се бараат професионалци од странство. Потребни се квалификувани работници од областа на науката, правото, медицината, ИТ секторот, образованието како и занаетчии како ковачи, електричари или металопреработувачи.

Комплетна листа на потребни професионалци е достапна во списокот за лица со високо образование и во списокот за квалификувани работни места објавен од Данската агенција за меѓународно вработување и интеграција (SIRI).
Списоците беа воведени на 1 јули и ќе важат до 31 декември.

Ако ви се понуди работа во една од наведените индустрии, можете да аплицирате за данска дозвола за престој и работа. Вашата дозвола за престој ќе важи за времетраењето на вашето вработување – ако имате договор помал од четири години, или ќе трае четири години ако договорот е подолг.

Оние кои ќе се вработат во некоја од индустриите од списокот ќе добијат дозвола за престој со рок на важност од еден месец пред почетокот на вработувањето.

Според статистиката на Данска, во моментов во Данска има 71.400 слободни работни места во приватниот сектор, а најголем број од овие работни места има во главниот град Копенхаген.

Ирска

Добивањето работна виза е релативно лесно во Ирска, која нуди низа опции кои се движат од краткорочни до долгорочни визи.

Иако е неопходно веќе да се најде работа пред да аплицирате, земјата активно бара работници за пополнување на слободни работни места во сектори кои имаат значителен недостиг.

Во Ирска, можно е да се добијат два вида работни визи, Дозвола за вработување за специфични професии и Општа дозвола за вработување. Првата ги опфаќа професиите кои се сметаат за клучни за развојот на ирската економија, додека втората ги опфаќа сите видови работни места. По добивањето на овие дозволи, релативно е лесно да се аплицира за постојан престој во земјата.

Ирска нуди и работна празнична виза за државјани на Аргентина, Австралија, Канада, Чиле, Хонг Конг, Јапонија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Тајван и САД на возраст меѓу 18 и 30 или 35 години. Со оваа виза, работниците имигранти можат да останат во земјата до 12 месеци, со исклучок на Канаѓаните кои можат да останат до 24 месеци.

Португалија

Португалија неодамна воведе краткорочни визи за работниците кои имаат намера да останат во земјата само една сезона. Португалската сезонска работна виза им овозможува на вработените да поминат девет месеци во земјата, како и да работат на повеќе места, доколку се работи за сезонски работни места.

Секоја друга долгорочна работна виза зависи од професијата. Познато е дека процесот на аплицирање трае неколку месеци, по што работникот добива виза за една или две години.

Оние кои живеат во Португалија пет години можат да аплицираат за постојан престој, по што повеќе не треба да аплицираат за работна виза.

Финска

Финска започна 14-дневен брз процес за да донесе висококвалификувани работници во земјата, како и нивните семејства. Финската влада ги дефинира оние кои можат да имаат корист од оваа услуга како „специјалисти“ и почетни претприемачи.

По 90 дена во земјата, работниците кои не се членки на ЕУ мора да аплицираат за дозвола за престој.

Слични содржини