Европа се стекнува со ново трговско оружје

од Vladimir Zorba

Во среда, Брисел ќе се обиде да ја зголеми геополитичката тежина на Европската унија нудејќи ново трговско оружје што ќе и овозможи на Унијата да воведува полесно санкции за економските ривали како Кина – па дури и САД, според европското биро на ПОЛИТИКО.

Со години Европската унија се жали дека е ранлива на економски уцени од земјите кои имаат корист од поделбата меѓу европските држави.

Причината е што досега возвратните мерки можеа да се спроведат само со целосна едногласност меѓу 27-те членки. За да се реши оваа слабост, новиот инструмент ќе и овозможи на Комисијата да воведе трговски санкции против земја надвор од блокот, а одлуката може да биде блокирана доколку повеќе од половина од противниците на унијата се спротивстават.

Во последниве години, ЕУ често се наоѓаше во ситуација кога мораше да се потпре на отстапките на конкурентите кои се експерти во играта „подели и владеј“. Кина се закани со француското вино и германските автомобили – па дури и рече дека нема да купува авиони на „Ербас“ – во обид да запре неколку иницијативи на ЕУ. Брисел пак вели дека американските царини за европскиот челик и алуминиум се исто така незаконски.

Најголемата иритација во Брисел е неможноста на Европа повторно да воспостави врски со Иран по санкциите на САД против земјата. Мерките им се закануваат на европските компании кои работат со Техеран.

Како „по нарачка“, ЕУ сега се соочува со сличен случај во кој новото „оружје“ би можело да стапи во употреба. Минатата недела Пекинг ја запре трговијата со Литванија како одговор на дипломатската поддршка на европската држава за Тајван. Вилнус го повика Брисел да интервенира и рече дека „додека трети земји можат да воведат санкции кон земјите-членки, тие не можат да преземат никакви одмазднички мерки“.

Пандорина кутија

Предлогот, исто така, предизвикува загриженост: некои европски престолнини сакаат да стават кочници поради стравувањата дека ќе ги ескалира трговските конфликти.

Теоретски, новиот предлог првично треба да им забрани на трети страни да користат такви тактики на вознемирување.

Но, Хосук Ли-Макијама од Европскиот центар за меѓународна политичка економија рече дека ЕУ може да изгуби повеќе отколку што ќе добие.

„Употребата на овој инструмент се заснова на очекувањето дека непријателската земја нема да преземе понатамошни активности како и дека ќе изгубат повеќе од ЕУ. Но, тоа ретко ќе биде вистина, бидејќи ЕУ е најголемиот светски извозник“, рече тој.

Слични содржини