187
Европа ја доживеа втората најтопла година во 2022 година, а климатските промени предизвикаа екстремни услови кои ги намалија приносите на поседите, ги исушија реките и доведоа до илјадници смртни случаи, објавија денеска научниците од Европската служба за климатски промени „Коперникус“.
Тие, исто така, објавија дека 2022 година била петта најтопла година во светот од најмалку 1850 година, иако податоците на „Коперникус“ датираат најрано од 1950 година, пренесува „Ројтерс“.
„Веќе ги доживуваме разорните ефекти од затоплувањето на светот“, рече заменик-директорката на „Коперникус“, Самната Бургес, која повика на итна акција за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и прилагодување на климатските промени.