Европа во канџите на наркобандите: „соби за мачење“, деца вооружени со „калашникови“ и невидено насилство

Според статистиката на ЕМЦДДА, градовите како Брисел, Амстердам, Лисабон и Тарагона имаат меѓу највисоките стапки на употреба на кокаин по жител во светот

од Бети Божиноска
382 прегледи

Деца пукаат во други деца со „калашникови“. Адолесцентите истовараат кокаин од контејнерските пристаништа. А комора за мачење стои скриена меѓу контејнери за транспорт во некоја холандска шума. Ова е новата реалност за делови од Европа загрозени од рекордниот број на недозволени наркотици кои се слеваат во и надвор од континентот.

Според статистиката на ЕМЦДДА, градовите како Брисел, Амстердам, Лисабон и Тарагона имаат меѓу највисоките стапки на употреба на кокаин по жител во светот.

Пазарот на дрога во Европа сега тежи повеже од 30 милијарди евра годишно и ги поттикнува завојуваните банди да користат невидени нивоа на насилство едни против други, предупредија вчера европските агенции.

Сознанијата за проблематиката беа објавени на вчерашната прес-конферемнија на Европол и Европскот центар за мониторинг на дригите и зависноста од наркотици (ЕМЦДДА).

„Увозот на кокаин и извозот на екстази достигнаа рекордни нивоа во 2022 година, а најголемиот дел од насилствата се поврзани со кокаинот и со канабисот,“ велат агенциите.

Иако агенциите не објавија статистика за степенот на сериозност на проблемот, диеректорот на ЕМЦДДА, Алексис Гусдел, предупреди дека Европа денеска сведочи на ниво на насилство поврзано со другата слично на она во Централна Америка и дека тоа станало секојдневие во ЕУ.

„Во ЕУ откривме дури и соби за измачување. Никогаш претходно не сме виделе вакво нешто. Тие работи се користеа о Латинска Америка, но не и во ЕУ,“ истакна извршната директорка на Европол, Катерине де Боле.

Таа не посочи за кој точно случај зборива, но досега има само еден јавно објавен случај на т.н. контејнери за тортура во Европа пријавен во близина на пристаништето во Ротердам во 2020 година, во врска со кој беа уапсени и осудени неколку луѓе.

Директорот на холандската консултантска компанија World of Crime, Крис Далби, посочи дека иако е невозможно да се знае колку се распространети коморите за мачење во Европа, случајот „секако беше освестувачки за зголемената сериозност на насилствата меѓу бандите во Европа“.

Друга се поголема причина за загриженост е возраста на ангажирамните лица на нелегалните пазари. Бандите во Марсеј се почесто ангажираат адолесценти како полициски „спотери“ или да продаваат дрога, што доведува до тоа децата да се убиваат меѓусебно со „калашникови“. Властите во пристаништата во Антверпен и Ротердам уапсиле голем број адолесценти платени да извлекуваат товари кокаин од транспортните контејнери.

„Цели семејства живеат од приходите што ги добиваат преку младите луѓе што работат за криминалните групи“, предупреди Де Боле.

Официјалните реакции на проблемот се мешани- додека едни политичари бараат построги казни и поголеми безбедносни буџети, други, како градоначалничката на Амстердам, Фемке Хаселма, тврдат дека забраната на наркотиците едноставно не функционира и дека е време да се легализира пазарот.

„Тоа е одговорност за која Европејците мора да бидат свесни. Не е време да се почнува војна против корисниците. Ова е битка за заштита на граѓаните,“ вели Гусдел.

Слични содржини