Европол: 31 осомничен уапсен во три земји во операција против мафијата „Ндрангета“

од Vladimir Zorba

Во најновата акција против италијанската мафијашка организација „Ндрангета“ во Италија, Белгија и Германија, која беше поддржана од Европравда и Европол, а чија цел е борба против меѓународната трговија со дрога, денеска беа уапсени 31 осомничен и имот вреден над 3,8 милиони евра, соопшти Европол.

Според извештаите, 18 осомничени се уапсени во Италија, осум во Белгија и пет во Германија, а извршени се вкупно 53 претреси во кои се запленети средства во вредност од над 3,8 милиони евра, вклучувајќи готовина, дрога, возила и имот.

Во соопштението се наведува дека во акциите на терен учествувале повеќе од 840 полицајци и дека акцијата е продолжение на претходната истрага што италијанските власти ја воделе од 2013 до 2018 година против истата криминална мрежа.

Слични содржини