Пратеникот во Европскиот парламент, Клемен Грошељ во интервју за српска „Нова“ вели дека ниту една страна не може едноставно да го отфрли договорот за Косово и дека примарна цел е намалување на тензиите меѓу Белград и Приштина. Тој нагласил дека голема опасност за Србија е што одредени земји-членки на ЕУ ја гледаат како „балканска Русија“.
-Мислам дека тој план не би променил многу. Она што е голема опасност за Србија е што поради односот кон Русија создаде таков впечаток кај некои земји-членки на ЕУ што сега земјата ја гледаат како некаква „балканска Русија“. Расте бројот на земји кои го имаат овој став и тоа не е добро. Дали воведувањето санкции кон Русија би било добро за Србија? Сигурно. Ова ќе придонесе за зајакнување на нејзините преговарачки позиции на патот кон ЕУ. Таа точка е секогаш на дневен ред, кога и да зборувате за Србија денес. Ова прашање сега во Брисел се третира како „или си со нас или си против нас“ и во тој контекст би било добро Србија да започне процес на дистанцирање од Русија, да воведе санкции и да го намали влијанието на руското пропаганда на јавното мислење, посочил Грошељ.