Коронавирусот продолжува да убива илјадници луѓе секој ден низ Европа, но од тој низ се издвојува една земја. Словачка, земја со население од 5,5 милиони жители, ги затвори сите училишта, продавници и граници пред која било друга земја, а веднаш по Италија.
Во меѓувреме, политичарите и лидерите апелираа да се носат маски дури и пред Владата да ја воведе како задолжителна мерка, пренесува Блумберг.
Мерките вродија со плод: шест недели откако беше пријавен првиот случај на коронавирус во Словачка, 18 лица починаа во таа земја и се на дното на европската листа според стапката на смртност, покажуваат податоците на универзитетот Џон Хопкинс од 26 април.
– Брзината на реагирање беше клучна. Би било идеално епидемијата да биде сузбиена во фаза каде што можете да ги следите повратните контакти за секој нов случај. Словачка ја направи вистинската работа – рече Ева Шернхамер, шефица на одделот за епидемиологија на Медицинскиот факултет во Виена.
Јурај Дроба, шеф на регионот на Братислава, ги затвори училиштата два дена по пријавувањето на првиот случај, една недела пред да се случи во остатокот од земјата, бидејќи „видел што се случува во Италија“. Во регионот на Братислава, живеат 10 проценти од вкупното население.
Главниот здравствен инспектор на Словачка, Јан Микас, наредил полицијата да запре конвој на скијачи кои се враќале од Австрија и ги стави под карантин. Во тоа време, околу 60 луѓе биле тестирани позитивно.
Владата соопштила дека полека ја враќа екомијата на пат, по блокадите. Сепак, научниците сметаат дека е рано да се каже дека прашањето е завршено.