Европската агенција за лекови била мета на хакерски напад

од Nikola Popovski
318 прегледи

Документите во врска со барањето за одобрување на вакцината Фајзер и Бионтек против Ковид-19 биле хакирани за време на сајбер напад врз Европската агенција за лекови (ЕМА), објавија од Фајзер.

„Важно е да се напомене дека ниту системот Бионтек, ниту Фајзер не беа оштетени за време на тој инцидент, но не знаеме кои лични податоци се хакирани“, се вели во соопштението на „Фајзер“.

„Чекаме повеќе информации за истрагата во ЕМА и ќе реагираме соодветно и во согласност со европскиот закон“, се додава во соопштението.

„Земајќи ги предвид клучните размислувања за јавното здравје и важноста на транспарентноста, ние ќе продолжиме да обезбедуваме јасни информации за сите аспекти на развојот на вакцините и регулаторниот процес“, продолжѕваат од Фајзер.

Европската агенција за лекови, која во моментов размислува за издавање одобренија за неколку вакцини против коронавирус, во средата изјави дека била цел на сајбер напад, без да прецизира кога е извршен нападот или кој го водел.

Слични содржини