Европската унија ќе тужи повеќе земји членки поради загадувањето

од desk2
82 прегледи

Скопје и понатаму е еден од најзагадените градови во светот. Скопје се појави на четвртото место на листата на интернет-страницата AirVisual, која ги рангира градовите со најзагаден воздух.

Додека во земјава надлежните се обидуваат да ја смират јавноста со краткорочни мерки Европската комисија најавува тужби пред европскиот суд против членките на унијата кои не успеваат да го намалат загадувањето.

„Сите рокови се надминати. Повеќе не можеме да толерираме одложувања. Неприфатливо е 400 илјади граѓани на ЕУ годишно да умираат поради загаден воздух. Губиме животи поради загадениот воздух. Мораме да ги заштитиме нашите граѓани. Ги повикувам сите земји-членки да го решат проблемот со опасноста по живот со итност. Имаат уште една недела да ги подобрат своите предлози – непочитувањето има правни последици.“ – изјавил Кармену Вела – комесарот за животна средина на ЕУ.

Македонија како кандидат за членство во Европската унија ваквата закана на Европската комисија не ја опфаќа. Одлуката на ЕУ е дел од нивната легислатива, но, сепак постапката за покренување на тужба против Македонија во Европскиот суд за човекови права за кршење на ратификуваните конвенции, Уставот, човековите права и правата на детето останува отворена отворена и зависи од исполнувањата на нашите барања од Владата, велатт од Коалицијата О2.

„За нас ќе беше добро да бевме дел од ЕУ, зошто сигурно немаше прашањето на заштита на животна средина и намалување на загадувањето да го оставаме последно на листата сите овие години. Да бевме членка на ЕУ, МВР ќе ги имаше завршено измените што се потребни за да се воспостави посебен режим на сообраќај во алармантни епизоди, сите институции ќе беа спремни за активирање на мерките, кои ќе беа соодветни состојбата, со големи рестрикции за сите, од граѓани, сопственици на градежни компании, индустриски погони. – велат од „Коалиција О2 за чист воздух“

Загадениот воздух денеска во Приштина ги извади граѓаните на протест а додека градските власти го ограничиле движењето на сите приватни автомобили во градскот центар од шест до 22 часот, а автобусите се бесплатни за граѓаните. Викендов протести против загадениот воздух се закажани и за во Скопје каде денес мерните станици повторно покажуваат високо ниво на загаденост./24 Вести