Европски надежи се нишаат во миграциски бранови крај турскиот брег

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Европа продолжува да страда од мигрантите кои Турција и Грција  ги пропуштаат.

4698846

Европската унија ќе побара настојчиво од Турција и ќе и  даде поддршка на Грција, за да помогнат двете страни да биде регулирана миграциската криза, да биде конечно затворен “Балканскиот пат”. Тоа ќе се случи  денеска на самитот во Брисел . “Протокот на илегални имигранти во Западен Балкан е кон својот крај. Овој пат е веќе затворен “, е напишано во проектот за финална декларација на вонредната средба на врвот на ЕУ. Дваесет и осумте европски лидери прво ќе ручаат со турскиот премиер Ахмед Давутоглу. Ова се случува во моментот кога доаѓањето на 1,25 милиони азиланти го дели како никогаш европскиот блок. Оваа нова средба се одржува во клима во која  се појавуваат повторно и повторно тензии меѓу ЕУ и Турција, долгорочниот   кандидат за пристапување. Европејците се загрижени и поради репресиите против критичките на исламско-конзервативниот претседател Реџеп Ердоган кон медиумите. Давутоглу е веќе во Брисел. Уште од неделата вечер тој  го “подготвува самитот” зад затворени врати со германската канцеларка Ангела Меркел и други европски претставници. Пред даго  напушти Истанбул тој рече дека неговата земја има направено “важни чекори” за да го исполни својот дел од “планот за акција “од ноември.

Договорот беше склучен со ЕУ, за да се спречи имигрантите кои ја напуштаат Турција со илјадници во насока кон грчките острови. Најмалку 25 мигранти, од кои 10 се деца, загинаа во неделата при бродолом крај турскиот брег. Соработка со Анкара По неодамнешната турнеја на Балканот, во Грција и Турција, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск уверува дека открил “европски консензус” (…) околу една глобална стратегија која, ако биде применета лојално, може да помогне да се запре ” приливот на мигранти “.

Неговото решение: да се држиме до правилата за слободно движење во Шенген зоната, како се оставаат да влегуваат во Грција само кандидатите за азил. Ова ќе помогне до крајот на 2016 година да се укине граничните контроли, спроведена еднострано од земјите внатре во ЕУ. Да се ​​протераат назад во Турција сите “економски мигранти”, која ќе ги враќа за возврат кон земјите од каде тргнале. Затоа Анкара треба да се согласи да прифати од 1 јуни “реадмисијата” и во Турција да се вратат нелегалните мигранти по грчките острови.

“Можеме даго намалиме проток со големата и брзо враќање на сите мигранти со отфрлени  барање за азил”, сака да верува Туск. Една од целите на самитот, според проектот за конечна декларација, е “да се затвори во наредните денови Балканскиот пат”, на кој мигрантите пристигнуваат во Германија и Скандинавија, потврди во неделата вечерта европскиот дипломат. Европејците сакаат уште Турција да ја зајакне и борбата против шверцерите со помош на бродови на НАТО во Егејското Море. Генералниот секретар на Атлантската алијанса Јенс Столтенберг го пофали во неделата проширување на поморското учество, на бродовите на НАТО сега можат да “оперираат во територијалните води” на Грција и Турција, “тесно” со двете страни.бег

Над 30 илјади мигранти остануваат блокирани во Грција при мизерни услови поради активностите на Владата во Атина, што не ги брани надворешни европски граници. Македонија, поддржана од земјите од Балканот и Централна Европа, го намалува во текот на неделата бројот на влегување на мигранти, за да стигне во неделата едвај стотина. Така Скопје ги заштити границите на Европа од доаѓањето организирани од Грција мигранти. Грција повторно ја  притиска Европа за пари Грчкиот премиер Алексис Ципрас, чија земја е остро критикувана од Европа, утврди во неделата “апсолутната итност” на пренесувањето на илјадници мигранти кон други земји од ЕУ. Европската унија треба брзо да даде невиден финансиски пакет (700 милиони евра за период од три години), за да им помогне на Грција, потопена во ужасна економска криза, и  да и обезбеди средства за подобра контрола на надворешната граница, која е и граница на ЕУ, преку Европската агенција Фронтекс.

“Европската унија треба и ќе г ја поддржи Грција по солидарен начин”, пресуди од своја страна Меркел. Во исто време таа призна дека Грција не ги обезбедила ветените 50 000 места за сместување на мигранти, а  претпочитам го  префрла проблемот на своите соседи и земјите од Централна Европа, со што само ја продлабочува кризата. Меѓу 15 и 20 илјади мигранти продолжуваат да пристигнуваат секоја недела од Турција на грчките брегови, помалку отколку во есен, но “премногу голем број”, од кој се загрижени  европските лидери, кои се плашат од новите бранови, кога пролетта ќе  ги направи преминувањата малку повеќе  опасни. Во замена на соработката, Анкара постигна значителни попусти: укинувањето на, можеби од есента, на визите за турските граѓани и пред се заживување на процесот на пристапување кон ЕУ, без да се заборават трите милијарди евра помош поради прилагодување на околу 2,7 милиони сириски бегалци во Турција. “Ова  потроши многиу пари. Турција не е ниту способна ниту подготвена на што и да е за мигрантите”, изјави во неделата чешкиот претседател Милош Земан, познат по големите си реченици. Во понеделникот, по ручекот со Давутоглу, 28-те ќе се соберат на неформалниот состанок, и ќе направат напор да се обидат да обноват по малку од колективната дисциплина во рамките на блокот. Многу земји членки одбиваат практично да ја  применат распределбата на 160 илјади бегалци во ЕУ, одобрен во септември, за да ја  олеснат Грција и Италија. / АФП