Како што дознаваме, непосредно пред Нова година, внукот на Али Ахмети, формалниот сопственик на TЦ „Соравија“ во Скопје, Дрин Ахмети, е фатен со пиротехнички средства, за што Кривичниот законик предвидува казна затвор до 10 години. Меѓутоа, тој бидејќи е внук на капо Али Ахмети – продолжува да шета слободно, а загрозени се полицајците кои го фатија со експлозив. Ова е причината зошто денеска сме овде да го прашаме Али Ахмети каде е Дрин Ахмети и како тоа законот не важи подеднакво и за членовите на неговото семејство?! Да не беше Дрин Ахмети внук на капо или лидерот на Демократската унија за интеграција, каде ќе беше денеска тој, соопштија денеска од Европскиот сојуз за промени преку изјава.
Oттаму прашуваат како едно младо момче како Дрин Ахмети може да биде над законот.
-Кој е тој судија што измислил други одредби за членовите на семејството на Али Ахмети, кои не важат подеднакво и за другите граѓани?! Така, додека другите Албанци, честопати и сосема невини, се скапат во затворите, членовите на семејството на Али Ахмети се побесни, го кршат законот и не се секираат за тоа. Така, Европскиот сојуз за промени констатира дека криминалот и злоупотребата на правдата од страна на ДУИ добиле вознемирувачки размери, кои не само што ја загрозуваат европската перспектива на државата, туку веќе станале опасни и по животот на нашите граѓани. Затоа, испраќањето на семејството Ахмети во опозиција се претвори во спасувачка мисија за Албанците, за државата и за сите граѓани, стои во соопштението на здружената албанска опозиција.