Европскиот фронт ќе биде гарант на европскиот пат на Македонија, велат од ДУИ

од Nikola Popovski
202 прегледи

Мицкоски и ВМРО се обидуваат да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое ниво падна два дена пред поразот покажуваат повиците за помош од Левица и ЗНАМ на Димитриевски. Тој дури бара спас и помош од албанската опозиција, за, како што рече вчера Мицкоски, да ги уништи Европскиот фронт и ДУИ, велат од партијата на Али Ахмети преку соопштение.

Во сооопштението се испраќа и порака до „Мицкоски и руските соработници дека ДУИ и Европскиот фронт ги поставиле темелите уште од 2001 година, со Охридскиот рамковен договор, Договорот од Преспа и членството во НАТО, како и со измените на Уставот кои ќе се одржат веднаш по избори на 8 мај“.

-И, сакал или не Мицкоски, ДУИ и Европскиот фронт ќе бидат гаранти на европскиот пат на Северна Македонија, а ВМРО и другите соработници на Москва, по 8 мај, ќе бидат само опозициски гледачи на членството на Македонија во Европската Унија, велат од партијата од Мала Речица.

Лидерот на опозицијата денеска со реакција за вчерашниот говор на Ахмети. Му порача дека не го плашат заканите и му постави неколку прашања.

-Важно е Али да дадеш одговор со што ги хранеше твоите, па денес голобради момчиња печалат милиони, ја купуваат Соравија, или пак како го спечали тој дворец во Зајас кој е како на некој блискоисточен шеик, а не политичар од сиромашната Македонија. Ја разбирам нервозата и паниката бидејќи за прв пат сте прочитани и пред пораз. Доаѓа времето за одговори на многу прашања. Ова не е 2001ва, туку 2024та, 23 години потоа, а ДУИ го претвори во криминална организација од која страдаат и Албанците и Македонците. Многу брзо од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат, истакна Мицкоски преку објава на социјалните мрежи.

Слични содржини