Европскиот фронт со тужба пред Управниот суд на решението на ДИК за прегласувањето во Желино

од Nikola Popovski
394 прегледи

Коалицијата Европски фронт поднела тужба пред Управниот суд по решението на Државната изборна комисија за прегласувањето во Желино, на изборното место 2101 во село Ларце. Судот треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

Претходно ДИК на седница не го прифати приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето на ова избирачко место, со кое коалицијата предводена од ДУИ загуби еден пратеник во за резултатите од 8-ми мај, додека коалицијата ВЛЕН доби еден пратенички мандат. За да биде целосен составот на парламентот, ДИК треба да го соопшти името од коалицијата ВЛЕН кое треба да дојде на пратеничкото место на Биљал Касами, кој пак, до законодавниот дом поднесе оставка.

Касами, наместо пратеник одлучи да остане градоначалник. За последниот пратенички мандат ќе одлучи Управен.

Слични содржини