Европскиот комесар за правда, Вера Јоурова, изрази загриженост за протокот на податоци на 2,7 милиони европски корисници со Кембриџ Аналитика. Таа за ЕУ Обзервер вели дека ја цени заложбата на Фејсбук и нивната загриженост, но сепак смета дека не се прави доволно за да се заштитат корисниците.

„ За жал некои објаснувања не ги задоволуваат моите очекувања. Многу е јасно дека податоците на европските корисници се изложени на голем ризик, и не сум сигурна дека Фејсбук ги превзема правите чекори да ги имплементира промените“, вели Јоурова за ЕУ Обзервер.
Според Јоурова протокот на податоци се закана за демократијата и електоратот.
„Интернет не е слободен простор надвор од владење на правото. Правилата кои важат офлајн, мора да бидат почитувани во онлајн светот“, вели чешкиот комесар Јоурова, и додава дека овие компании мора да понесат голема одговорност.
Поврзан линк
Фејсбук потврдил можно компромитирање податоци на 2,7 милиони ЕУ корисници