Европскиот министер за надворешни работи повторно ги поддржа демонстрациите во Белорусија: „Импресивно“

од Nikola Popovski
95 прегледи

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жосеп Борел, повторно ги поддржал демонстрациите во Белорусија, оценувајќи ги масовните протести во таа земја како „импресивни“, објавено е на неговиот профил на Твитер.

Како што напишал Борел, „импресивните масовни демонстрации, што се одржуваат во Минск и другите градови во Белорусија, покажуваат решеност на белорускиот народ да се залага за својата слобода, права и демократија, и покрај апсењата, заплашувањата и насилствата извршени од властите“.

Шефот на европската дипломатија посочил дека на Белорусија ѝ треба „инклузивен национален дијалог“.

Претходно, медиумите пишуваа дека претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, нема да се најде на списокот со санкции на ЕУ, иако беше најавено претходно.

Слични содржини