Европскиот парламент: Членки на ЕУ го користеле софтверот „Пегазус“ за да шпионираат граѓани

од Stefanija Kuzmanovska

Употребата на шпионскиот софтвер „Пегазус“ очигледно била широко распространета во земјите на ЕУ, се заклучува во извештајот на истражниот комитет на Европскиот парламент.

„Владите на земјите-членки на ЕУ го користеле овој софтвер против граѓаните за политички цели“, е заклучокот од објавениот нацрт-извештај во кој се наведува дека постојат индиции дека тоа го сториле Полска, Унгарија, Грција, Кипар и Шпанија.

Во извештајот на истражниот комитет на Европскиот парламент, се наведува дека Австрија е седиште на компанијата DSIRF (Decision Supporting Information Research and Forensic), која важи за провајдер на софтверот за шпионажа, а високи функционери на таа компанија имаат , како што се наведува во извештајот, контакти со Русија и Кремљ.

Слични содржини