Европскиот суд за човекови права повеќе не е надлежен во Русија

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Руската Државна Дума денеска усвои два закона со кои се укинува јурисдикцијата на Европскиот суд за човекови права на територијата на Русија, откако Москва објави дека планира да го напушти тој суд поради конфликтот во Украина, пренесе „Ројтерс“.

Еден од двата закона ја укинува јурисдикцијата на Европскиот суд за човекови права во Русија, а другиот го определува 16 март како момент на раздвојување, па пресудите против Русија донесени по тој ден не можат да се спроведат, објави „Ројтерс“.

Министерскиот комитет на Советот на Европа одлучи да ја исфрли Русија од Европскиот суд за човекови права на 15 март, како одговор на рускиот напад врз Украина.

Слични содржини