Европскиот суд за човекови права: Задолжителна вакцинација е неопходна во демократско општество

од Stefanija Kuzmanovska

Европскиот суд за човекови права, на кој се обратија родители и деца од Чешка кои не беа примени во градинки поради невакцинирање, оцени дека задолжителната вакцинација е „неопходна во демократско општество“.

Европскиот суд за човекови права смета дека задолжителното вакцинирање на деца во Чешка против некои болести – како што се дифтерија, тетанус, детска парализа и други – се вмешува во правото на приватност, но не го крши членот 8 од Европската конвенција за човекови права кога станува збор за „правото на почитување на приватниот живот“.

Во Чешка, на родителите им се заканува и парична казна во случај на повреда на обврската за вакцинирање на дете. Покрај тоа, на детето му е забрането место во градинка.

Денес, Големиот совет на судот конечно донесе пресуда за шест случаи, во кои станува збор за деца кои не примале задолжителни вакцини. Во пет случаи, тужбата беше поднесена до судот од самите погодени деца.

„Политиката за вакцинација ги следи легитимните здравствени цели, како и правата на другите, бидејќи ги штити и оние кои примаат вакцини и оние кои не можат да се вакцинираат од медицински причини“, рече судот, додавајќи дека оние кои не можат да ја примат вакцината, тогаш „зависат“ од колективниот имунитет за заштита од сериозни заразни болести “.

Чешка „затоа има голема слобода на проценка во тој контекст“, наведува судот и посочува дека „интересите на децата мора да имаат предност пред сите одлуки што ги засегаат нив“. Ова е прва пресуда на овој суд која се однесува на задолжителна вакцинација на деца.

loading...

Слични содржини