Европските компании стравуваат дека ќе бидат жртви на се пожестокото ривалство меѓу Кина и САД

од Stefanija Kuzmanovska

Растечките трговски тензии меѓу двете велесили се совпаднаа со стагнацијата на европската економија. Во такви околности, политичарите и директорите на компаниите се прашуваат дали економијата ќе забави нагло или постепено. „Многу внимателно ги следиме тековните тензии меѓу САД и Кина“, рече Флоран Менего, извршен директор на францускиот производител на гуми „Мишелин“.

Геополитиката јасно влијае на работењето на компанијата“, рече Менегау, додавајќи дека „Мишелин“ ги разгледува изворите на снабдување со некои компоненти за да избегне прекумерна зависност од Кина.

Дополнителен поттик во потрагата по нови извори на суровини и плановите за промени во синџирите на снабдување беше одлуката на Кина да го ограничи извозот на галиум и германиум, клучни суровини во производството на полупроводници. „Тие изградија монопол и ја користат таа позиција“, рече Кристел Борис, извршен директор на француската компанија за рударство и метали „Ерамет“.

„Во синџирот на вредност на батериите за електрични возила важно е да се контролира самиот синџир, но и трошоците“, рече Борис, додавајќи дека Кина моментално е во фаза на создавање на уште еден монопол во Индонезија, а тоа е снабдувањето со никел и кобалт, исто така клучни компоненти на батеријата.

Европа дебатира

Европските лидери се сè пофрустрирани од, како што велат, можните негативни последици од американскиот Закон за сузбивање на инфлацијата (ИРА), кој може тешко да погоди одредени големи индустриски групи поради значително повисоките трошоци за енергија во Европа.

„Кога ќе видиме како ИРА ќе влијае на (европските компании), заклучувам дека не разговаравме доволно на оваа тема на оваа конференција“, рече неименуван висок банкар.

„Постои голема опасност европските компании да ги префрлат своите инвестиции од Европа во САД“, предупреди тој.

Некои најмногу се загрижени дека на властите на Европската унија им треба долго време за да дојдат до решение.

Со ИРА, компаниите барем знаат што да очекуваат, изјави за Ројтерс Вероника Грим, член на советот на економски „мудреци“ кои ја советуваат германската влада за економската политика.

„Ние во Европа сè уште дебатираме дали ни се потребни субвенции и данок на суперпрофит“, посочи Грим.

Слични содржини