Евровизија 2020: Убавите Хјурикејн ќе ја претставуваат Србија

На претстојниот Евросонг, кој ќе се одржи во мај во Ротердам, Србија ќе ја претставуваат груапата Хјурикејн, која победи во финалето на овогодинешната Беовзиија, одржана во неделата навечер.

Групата Хјурикејн е составена од три девојки, некогашната претставничка Сања Вучиќ, Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ, ќерка на пејачот Ненад Кнежевиќ Кнез.

https://www.instagram.com/p/B9M3HPJAz2i/

На Беовизија настапија со песната „Hasta la vista“, за која музиката на направи Немања Антониќ, додека текстот го пишуваја Косана Стојиќ и Сања Вучиќ.

Веднаш по победата, девојки рекле дека се чувствуваат многу возбудено и уморно.

„Се ни е измешано, многу ни се спие“, рекле членките на групата, додавајќи дека победата ќе ја прослават со пица.

Слични содржини