Евровизиска драма: Лани доби забрана, ама годинава ќе пее за Русија

од desk2
105 прегледи

Руската пејачка Јулија Самојлова која лани доби забрана за влез во Украина и не настапи на Изборот за песна на Евровизија, годинава сигурно ќе учествува на Евросонг 2018.

На ланското издание на Евровизија имаше невиден скандал откако претставничката на Русија не доби дозвола да влезе во Украина, каде се одржуваше музичкиот настан, бидејќи „пеела на Крим“.

Домаќините на фестивалот останаа доследни на својот став да ѝ забранат влез во земјата на Самојлова, а организаторите нудеа опции за „учество преку сателит“, но странските медиуми пишуваа дека „Русите не се глупави“ и дека намерно ја избрале оваа пејачка за претставничка за да ја провоцираат Украина.

Русите рекоа не на понудите, но ставија до знаење дека гласот на Јулија допрва ќе се слушне.

Руската делегација сега потврди дека токму Јулија Самојлова ќе биде претставничка на Русија на 63. Издание на Евросонг 2018 што ќе се одржи во Португалија, откако лани во Киев победи Салвадор Собрал со песната „Amar pelos dois“.