267
Граничниот премин Евзони ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од денеска од 05:00 часот, па до утре 05:00, поради штрајк на грчките царински служби соопшти вчера Министерството за внатрешни работи.
– Раководителот на смена на ПС за ГП и ГН Богородица е информиран од раководител на смена на ГП Евзони дека поради 24-часовен штрајк на грчките царински служби, ГП Евзони ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од 05.00 часот на 24.11.2020 до 05.00 часот на 25.11.2020 година, се нагласува во соопштението од МВР.