Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон е подготвен да го замени Мерцедес со Ферари
само под услов „скудерија“ да произведе болид кој има апсолутен капацитет, да му донесе нова
светска титула. Тоа го вели Ф1 експертот, Дејвид Крофт, за „Sky Sports“.
Минатата година се слушаа гласини кои го праќаат 33-годишниот Британец во Маранело, откако
беше забавено продолжувањето на договорот со Мерцедес . На крајот 5-кратниот светски првак ја
продолжи соработката со овој тим до крајот на сезоната 2020 година. Тоа значи дека тој останува
кај Германците до крајот на актуеалниот колективен договор „Конкорд“, а следниот – кој е
проблематичен по многу точки – ќе стапи во сила од 2021 година.
„Нема ли да биде убаво да го видиме Хамилтон и како пилот на Ферари? Тоа е сосема можно да се
случи, па не го исклучувам“, изјави Дејвид Крофт.
„Сигурен сум дека Луис исто си мислел на ова прашање барем еднаш или двапати. Ако Ферари има
автомобил кој може да го освои шампионатот, мислам дека тоа ќе се случи“, додаде аналитичарот.