ФА го казни Лампард со 30.000 евра

од Vladimir Zorba
373 прегледи

Менаџерот на Евертон, Френк Лампард е казнет со 30.000 евра од Фудбалската асоцијација на Англија поради коментари против судијата по поразот од неговиот тим во дербито со Ливерпул во април.

Лампард рече дека судијата ќе му досуди пенал на Ливерпул доколку Мохамед Салах падне како Ентони Гордон по дуел, за што судијата Стјуарт Атвел не покажа на белата точка.

Гордон, кој доби жолт картон за симулација во првото полувреме на „Енфилд“, падна по контактот Џоел Матип, но Атвел ниту досуди пенал, ниту даде втор жолт картон.

„Независна регулаторна комисија го казни Френк Лампард со 30.000 евра, откако покрена постапка против него за кршење на Правилото на ФА во врска со коментарите во медиумите“, се вели во соопштението на ФА.

„Менаџерот на Евертон го критикуваше судењето по градското дерби од Премиер лигата против Ливерпул во недела на 24 април. Сепак, тренерот не прифаќа дека нешто згрешил. „Тоа е пенал за мене. Но, овде не се суди, ако е против Ливерпул. Ако беше Мо Салах на другата страна, тој ќе добиеше пенал. Не се обидувам да создавам конфликт, тоа е само реалност“,- изјави Лампард по натпреварот.

Слични содржини