Со напредокот на технологијата бројни компании почнаа да вградуваат сензори за препознавање лица во разни уреди, па така и гигантот меѓу друштвените мрежи ја воведе оваа опција за враќање на старите профили со ситемот препознавање лица.

Првобитно гласините за новата опција на Facebook почнаа да кружат по Tweeter, а подоцна и Facebook ја потврди информацијата за Tech Crunch.
Секако, оваа обпија е достапна за одреден број корисници затоа што Facebook проверува како ќе функционира системот за препознавање лица.
Со овој систем се помага на корисниците да ги вратат своите стари профили место да прават нови. Ако некој ви го хакира профилот, преку камерата на вашиот уред че може да го скенирате лицето и да го вратите пристапот до профилот.