„Фајненшал тајмс“: Се подготвува затворање на Шенген границите

од Aleksandar Petrovski
257 прегледи

Според информациите на Фајненшл Тајмс (ФТ), европските власти се подготвуваат да прогласат затворање на границите на Шенген зоната поради пандемијата Ковид-19.

Според изворите на ФТ, информацијата ќе биде потврдена попладнево во Брисел.

Оваа одлука би значела дека сите патувања во Шенген зоната од трети земји кои не се итни или неопходни ќе се забранат. ФТ додава дека ова прашање се разгледува откако е констатирано големо зголемување на случаите на зараза со коронавирусот во земјите од Шенген зоната последните денови.

Одлуката треба прво да ја одобрат земјите членки, останува отворено и прашањето на земјите членки на ЕУ кои не се дел од Шенген, како Хрватска, Ирска, Кипар, Романија и Бугарија.

Шенген зоната брои 22 земји членки, повеќето членки на ЕУ, плус Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

Забраната би предвидувала исклучоци за граѓани на ЕУ и лица со легален престој во Шенген како и за членови на нивните семејства. Исклучоци се предвидуваат и за медицински работници.

Според ФТ утрово Макрон и Меркел разговарале за оваа мерка по телефон заедно со другите шефови на држави и влади. Весникот додава дека Макрон бил гневен поради одлуката на некои земји членки да ги затворат своите граници внатре во Шенген зоната и побарал заедничко европско решение.

Информацијата би требало да биде соопштена попладнево по видеоконференцијата на лидерите на Г7

Слични содржини