„Фајненшл тајмс“ ги откри плановите на Трамп за војната во Источна Европа: На Украина нема да ѝ се допадне, но и Русите нема да бидат премногу задоволни

од Nikola Popovski
629 прегледи

Доколку се врати во Белата куќа, поранешниот американски претседател Доналд Трамп има намера брзо да ја заврши војната во Украина со нејзино „замрзнување“, открива „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименуван советник на Трамп.

Според плановите на неговиот тим, конфликтот би можел да се реши со создавање автономни и демилитаризирани зони од двете страни на границата, но без Украина да влезе во НАТО.

Од европските земји е побарано да ја преземат улогата на гаранти и „надзорници“ на мировниот процес, додека учеството на Соединетите Американски Држави и НАТО ќе биде минимално, пишува „Фајненшл тајмс“.

Доколку Трамп победи на изборите во ноември, тој би можел да се обиде да склучи „нови договори од Минск“ за да се стави крај на конфликтот во Украина.

Според изворот, планот на Трамп за решавање на сегашните непријателства може да вклучува „преглед на неуспешните договори од Минск од 2014 и 2015 година“. Меѓутоа, овојпат документот ќе треба да содржи клаузула за „механизмот за имплементација“, што подразбира последици за прекршување на договорот, пренесува „Известија“.

Сојузниците на Трамп тврдат дека Украина ја губи војната и затоа напорите за постигнување на решение е морално исправно. Тој смета дека Бајден требало да разговара со Путин, како што претседателите разговарале со советските лидери за време на Студената војна и дека членството во НАТО не е опција за Украина на краток рок.

Слични содржини