„Фајненшл тајмс“ открива: Србија индиректно извезла муниција во Украина за 800 милиони евра

од Nikola Popovski
368 прегледи

„Фајненшл тајмс“ (Financial Times) објави проценки дека Србија индиректно, преку други земји, извезла во земјата муниција во вредност од 800 милиони евра од почетокот на руската инвазија на Украина.

Србија дискретно ја зголемува продажбата на муниција на Запад, што на крајот ја зајакнува одбраната на Украина – иако Србија е една од двете европски земји кои не се приклучија на западните санкции против Русија, наведува „Фајненшл тајмс“.

Според проценките објавени од Фајненшл тајмс, српскиот извоз на муниција во Украина преку трети страни изнесува околу 800 милиони евра – сума за која претседателот Александар Вучиќ рече дека е главно точна – од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година.

Вучиќ, пишува весникот, ја претставил ситуацијата како деловна можност, инсистирајќи дека во војната нема да застане на една или друга страна.

„Ова е дел од нашето економско заживување и важно за нас. Да, ние ја извезуваме нашата муниција. Не можеме да извезуваме во Украина или во Русија… но имавме многу договори со Американци, Шпанци, Чеси и други. Што прават со тоа е на крајот нивна работа“, рекол српскиот премиер во интервју.

Белград, исто така, смета на Москва да го блокира меѓународното признавање на Косово, пишува „Фајненшл тајмс“.

Слични содржини